Боки 13 аплицирал за трговските марки Северно Македонска Пошта и Северно Македонски Телеком
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2019
Боки 13 аплицирал за трговските марки Северно Македонска Пошта и Северно Македонски Телеком, објави Плусинфо.
Во периодот од 2018 и 2019 година, Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, во Бирото за индустриска сопственост се обидел и делумно успеал да заштити дури 16 трговски марки.
Но, тоа не би било ништо необично, доколку меѓу тие трговски марки не е и Северно Македонска Пошта. Тргвската марка не е регистрирана, но апликацијата постои. Замислете, Боки аплицирал и за трговската марка Северно Македонски Телеком.