28 Март, 2024
0.0281

Боки 13 знаеше и дека ќе го уапсат Мијалков - сведочеше Камчева, Јовановски ја праша за бугарските пријатели

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Што му зборувала Ана Камчева на нивните средби, за својот, како што рече, „сакан и ценет сопруг“, за својата свекрва, за сестрата на Камчев... Тоа беа дел од прашањата кои на судењето за Рекет Бојан Јовановски и ги постави на Ана Камчева, која е сведок во процесот. Според него, Камчева многу добро ја држи меморијата. 

На прашањето кога и по чие барање Јовановски дошол во домот на Камчеви, не доби одговор, па потоа се обиде со прашање околу „бугарските пријатели“ на Камчев прашувајќи ја неговата сопруга дали ги познава, како и дали ѝ е познато името Перивое. Таа му одговори негативно, но тој и одговори како не ги познава кога „се нивни куќни пријатели“.

Камчева рече дека отприлика два пати го посетила Јовановски во Систина, каде што ги правел двете операции за стеснување на желудникот.

„Се сеќавате ли дали и какви подароци ми дававте“, ја праша Боки 13 сведокот Камчева. Но на ова обвинителката Вилма Русковска реагираше со прашањето „Зарем милион и пол евра се мал подарок, па треба да се зборува и за дополнителни подароци?“ На ова Јовановски и одговори на Русковска дека „тие милион и пол евра се измислени во нејзината глава“.

По опомените од судијката, Јовановски се извини и рече дека е под дејство на седативи кои си го прават своето. 

Тој реагираше дека му се одбиени прашања што за него и за постапката се многу битни, а за судот се ирелевантни. „Аманте луѓе, ништо не ми дозволувате, дај барем осудете ме, да си одиме сите од тука и да не ги малтретираме луѓево“, ѝ рече тој на судијката.

Бојан Јовановски, Боки 13, имал многу информации, па знаел и за отворањето на постапки за други лица, сведочеше Камчева. Таа рече дека моќта на Јовановски да ги дознава сите информации, и врз основа на нив да може да дејствува, била толку голема, што имал сознанија и за притворањето на Сашо Мијалков. Односно, Боки 13 рекол дека Мијалков ќе биде притворен за два дена.

Според Камчева, поплавата во СЈО во која беа потопени и дел од доказите на предметот Империја, била смешна, бидејќи Јанева го уверувала Камчев дека се ќе биде океј. Ана Камчева, како што сведочеше, со Боки 13 имала средби во канцеларијата на 1ТВ, во неговиот дом, но и во нејзиниот ресторан Сушико.

Одговарајќи на прашања на обвинителката Вилма Русковска, сопругата на Орце Камчев, главно во судницата го повтори она што веќе го нагласи и самиот бизнисмен. И според неа, во случајот биле вмешани и обвинителката Лиле Стефанова, судијката на претходна постапка Весна Димишкова, како и нејзиниот брат адвокатот Васил Димишков.

Камчева за цело време пред неа имаше црвен тефтер, кој цело време стоеше пред неа додека сведочеше. А на тоа не реагираше никој од присутните. 

Ана Камчева зборуваше за тоа како таа и нејзиниот сопруг, наводно, биле рекетирани од осомничените во Рекет, Бојан Јовановски и Катица Јанева. Според Камчева, таа имала неколку средби со Јовановски, а после втората тој и побарал пари. Нагласува дека со сопругот решиле да ги дадат парите. 

„Благајничката извади 350.000 евра, а 150.000 евра требаше да обезбеди Зоран Милевски Кичеец. Парите, 350.000 евра беа во несесер и ги донесе Ратка Камчева, мајката на Орце. Заедно со Кичеец отидовме во домот на Јовановски, во кој беше Сергеј. Бојан се шегуваше на несесерот и реагираше што има поситни банкноти, по што забележа дека недостигаат 150.000 евра. Кичеец рече дека тој ќе го обезбеди остатокот“, објасни Камчева.

Камчева рече дека парите што таа ги предала ги имала обезбедено „Мими“, односно сметководителката Мирјана Бошковска, која е следна за сведочење за случајот „Рекет“.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење