26 Април, 2024
0.0290

БОЛНИЦИТЕ ЗАБРЗАНО СЕ ПОЛНАТ - Вкупно 452 пациенти се хоспитализирани

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Огромниот број новозаболени прави се поголем притисок врз болниците во земјава. 

Вкупно во болниците во земјава се хоспитализирани 452 пациент.

Според информациите од Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 

Нема информација за приеми на пациенти во модуларната болница. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Прашан како ќе се справи здравствениот систем со недостигот на лекари и медицински персонал на инфективните одделенија низ земјава, министерот за здравство Венко Филипче со одговор дека тој проблем се надминува уште од почетокот на кризата со системот на ротации на лекарите и медицинскиот персонал од други одделенија.

„Лекари, интернисти, инфектолози и сестри се во системот на ротација, како од клиниките кон Инфективната во Скопје и болницата во Козле, така и и од една кон друга општа болница ширум државата. Во еден одреден период имавме, пред неколку месеци имавме ваква слична ситуација, кога беа скоро преполнети одделенијата и сега навистина има голем притисок за прием на пациенти во болницата во Струмица, понатаму во Куманово и во Битола има слободни места и во Гостивар, почнаа да се полнат капацитетите и во Кавадаречката болница, таму има веќе сместено двајца пациенти од вчера“, вели Филипче.

Забележа дека е во секојдневна координација со раководствата на болниците и се менаџираат ситуациите, а се прават и секојдневни анализи и се врз основа на нив се прави системот за мобилизација на медицинскиот кадар.

Денеска има рекорд над сите рекорди во бројот на заболени, 594, а само во Скопје се 303 новозаболени.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица