Бомба или бујна фантазија: Роналдо го напушта Реал?
Објавено во: Свет 24 Август, 2017
Лавината која ја покрена Бразилецот Нејмар со преоѓањето од Барселона во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра, како да нема намера да запре.
Или пак тој премин стана само инспирација за фантазија и добар маркетинг.
Значи, по заминувањето на Нејмар се појавија информации дека Манчестер Сити е подготвен да го откупи договорот со Меси, а еве сега и Роналдо „заминува од Реал до крајот на неделата“.
Португалецот, имено е незадоволен од третманот во кралскиот клуб после аферата, односно казната, во која според негово мислење не е доволно заштитен.
А шанса, да го зграпчи незадоволниот Роналдо чека, секако, неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.
Оваа вест ја лансирал “Manchester Evening News”, а како главен адут за купување на Роналдо се напоменува незадоволството на Кристијано поради даночните власти кои истражуваат наводни махинации на Португалецот и затајување на данок.
Гнев предизвикала и суспензијата од пет натпревари поради туркање на судијата.
Англичаните се повикуваат и на пишувањата на шпанскиот „Ел Паис“ и ја пренесуваат изјавата која ја добиле од неименуван извор близок до Роналдо.
„Кристијано е лут поради казната од пет натпревари која ја добил поради туркање на судијата, а колку и да работи напорно со екипата, не можеме да гарантираме дека и ќе остане. Ќе видиме што ќе се случи од 31 август.