„Борбата продолжува, гласот победува“ - ќе се маршира на 11. октомври
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Граѓански марш под мотото „Борбата продолжувата, гласот победува“, поддржан од опозициската СДСМ, ќе биде одржан на Денот на востанието на Македонија 11 Октомври.
Како што информира на денешната пресконференцијата лидерот на СДСМ Зоран Заев, маршот е продолжување на граѓанската акција, а е инициран заедно со Вера Бунтеска од Сојузот на борците и истакнати уметници и граѓанси активисти музичарите Златко Ориѓански и Бени Шакири, актерката Ирена Ристиќ, новинарот Томислав Кежаровски, спортскиот новинар во пензија Атанас Костовски и др.
- 11 Октомври е симбол на борбата за слобода, на граѓански пркос, на народно востание на победа. Затоа маршот се случува на 11 Октомври. Ја потврдуваме нашата реалност да се избориме за достоинствен живот во својата земја. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, за граѓански глас.
Денес по 75 години од основањето на партизанските одреди нашето оружје е нашиот глас. Тоа е гласот што вели да за животот во Макаедонија и гласот што вели не за режимот, рече Заев. Посочувајќи дека маршот е најава за промените што ќе следат, тој упати повик до граѓаните поединци, здруженија, заедници, демокартски политички партии ... да се приклучат.
Останатите иницијатори меѓу мотивите за нивното вклучување на маршот, ги изнесоа борбата за Македонија како модерно општество во кое граѓаните ќе бидат почитувани, во кое, како што посочија ќе се почитуваат слобата на изразување и на размислување.