БОРИС ЏОНСОН: Велика Британија вакцинираше 17,5 милиони граѓани, се спремаме за враќење во нормала
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2021
Британскиот
премиер Борис Џонсон објави дека Велика Британија вакцинирала 17,5 милиони луѓе
со првата доза на вакцина за коронавирус.
Британската влада објави дека секој возрасен човек треба да ја прими првата доза на вакцината до 31 јули оваа година. Ова е дел од подготовките за олеснување на мерките, односно укинување на Lockdown во Велика Британија.
Велика Британија во моментов користи две вакцини – Фајзер/Бионтек и АстраЗенека.
Високата подрршка за вакцинацијата во Британија следува откако 120.000 луѓе починаа од последиците на корона вирусот, што е највисока стапка на смртност во Европа.
Втората доза на вакцината е одложена затоа што, според планот, владата сака што повеќе луѓе да ја примат првата доза. Така, беше одлучено ревакцинацијата да се изврши 12 недели по приемот на првата доза, наместо препорачаните три недели.
На овој начин, се обезбедува примарна заштита на поголем број од населението отколку што би направила ревакцинацијата на веќе вакцинираните.
Велика Британија во моментов е прво во Европа според бројот на вакцинирани граѓани.
Foto:Tanjug/Geoff Caddick/Pool via AP