05 Мај, 2024
0.0287

Борисов и Заев: Комисиите да изнајдат побргу решение

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Бојко Борисов, премиерот на Бугарија и шефот на македонската Влада, Зоран Заев, на заедничка прес-конференција во Скопје рекоа дека е одлучено да се поттикнат историчарите од двете страни на заедничката комисија што е можно побргу да ги надминат спорните елементи и да дојдат до конечни решение, согласно договорот за добрососедство.

„Северна Македонија и Бугарија секој ден и покажуваат на Европа и на Светот. како се гради пријателство помеѓу два соседи. Денеска заклучивме дека треба да ги охрабруваме двете комисии да продолжат во изнаоѓањето решение  Убеден сум дека делата на Делчев може само да не поврзаат. Продолжуваме да бидеме инвентивни во градењето на пријателство, тоа им го должиме на сите генерации кои доаѓаат по нас“, рече Заев.

Борисов наведе дека по две години откако е потпишан договорот се заокружени добри работи кои претходно биле незамисливи и се отворила огромна перспектива за Македонија на патот кон Европа.

„Европската унија ги цени храбрите политичари. Ангел Димитров е тука со мене како претседател на комисијата, како и Ангел Џамбаски од ВМРО, за да ги обединиме нашите заеднички напори. Времето е кратко, да завршиме со овие таканаречени конфликтни теми. Сите херои за кои спориме го дале својот живот за да ние можеме сега да стоиме тука заедно. Не би било чесно во однос на нивната идеологија, мелтаење и цел, тоа да им го игнорираме. Историчарите не само што нема да го попречуваат решението, туку ќе вложат огромни напори за да го најдат правилното изразување што не обединува“, наведе Борисов. 

Премиерите најавија и интензивна комуникација на министрите за транспорт заради трета фаза од изградбата на железничкиот тунел кој ги поврзува Македонија и Бугарија во Коридорот 8. Проектот треба да чини 70 милиони евра, а ќе се гради од двете страни на границата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува