06 Мај, 2024
0.0288

Борисов и Захариева денеска во Македонија, на агендата Гоце Делчев, Илинден и откривање споменик

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе престојува во посета на Скопје и заедно со премиерот Зоран Заев ќе ја одбележат двегодишнината од договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Ќе се чествуваат и настани и ликови од Илинденското востание, како и делото на револуционерниот деец Гоце Делчев.

Борисов и Заев ќе имаат средба на која ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план, по што двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Предвидено е Борисов во Скопје да се сретне и со шефот на државата, Стево Пендаровски. Потоа Борисов ќе замине во Дојран, каде што со македонскиот премиер Заев ќе го откријат споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Станува збор за бугарски херој назначен постхумно за генерал кој во Втората балканска војна во 2013-та со помалубројна војска го извлекол бугарското население од обрачот на грчката армија и ја добил битката во која загинува.

Предвидено е со Борисов да допатува и Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува