14 Декември, 2025
0.5072

Божиновска: Најдобро е Чебрен да биде наш, македонски капацитет

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2025 09:29

Добивај вести на Viber

„Формиравме работна група во Министерството, кој работеше неколку месеци и изработи предлог. Тој предлог кажува дека овие капацитети е најубаво да се наши, македонски, ние да го имаме овој потенцијал бидејќи тој е над 300 MW електрична енергија. Тоа ќе биде проект не само за производство за електрична енергија, туку ќе се користи и за наводнување и за туризам, што значи еден сериозен проект.“ истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето интервју за Македонската радио телевизија (МРТ). 
Според министерката, анализите на експертите покажале дека ваков проект ќе чини најмалку 1 милијарда евра, во кој се предвидува изградба на брана од 190 метри и е еден комплексен проект кој би се градел 7-8 години. 
Божиновска потсети дека во изминатите декади се спроведени 14 неуспешни тендери за изградба на Чебрен. Во изминатиот период во повеќе наврати од Владата изјавија дека ги истражуваат можните начини за финансирање на овој капитален проект, а од минатата недела истиот е дел и од листата на проекти кои би се финансирале преку договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји