БП, ШЕЛ, ТОТАЛ, ЕКСОН И ШЕВРОН ЗАРАБОТУВААТ ПО 2.600 ДОЛАРИ СЕКОЈА СЕКУНДА: Најновата анализа на Оксфам објавена во Давос

Објавено во: Економија 24 Мај, 2022
За време на
пандемијата, нов милијардер се појавуваше на секои 30 часа, а на секој нов
милијардер, речиси милион луѓе оваа година би можеле да бидат турнати во
сиромаштија, се вели во извештајот на невладината организација Оксфам, која се
бори против сиромаштијата, насловен „Профитирање на болка“.
Во извештајот објавен на почетокот на Светскиот економски форум во Давос се вели дека 573 нови милијардери биле создадени во двете години од пандемијата, додека 263 милиони луѓе се очекува да паднат во сиромаштија поради зголемените цени на храната до крајот на годината. Додека еден милијардер се појавува на секои 30 часа, милион луѓе паѓаат во зона на сиромаштија на секои 33 часа.
„Богатството на најбогатите се зголеми за време на пандемијата Ковид 19 повеќе од претходните 23 години заедно. Вкупното богатство на светските милијардери е 13,9 отсто од БДП, што е трикратно зголемување во споредба со 2020 година“, се вели во извештајот.
„Богатството на милијардерите не е зголемено затоа што се попаметни или затоа што работат повеќе. Работниците работат повеќе, за помали плати и во полоши услови. Супер богатите го поставуваа системот со децении и сега ги користат придобивките. Тие собраа шокантна количина на светско богатство како резултат на приватизациите и монополите, задушувањето на регулативата и правата на работниците додека депонираа пари во даночните раеви. Сите со поддршка од „владата“, изјави Габриела Бушер, директорка на Oxfam International.
Богатството на тајкуните во енергетскиот и прехранбениот бизнис се зголеми за 453 милијарди долари во последните две години, а во овој период се појавија 62 нови милијардери во прехранбениот сектор.
Според Оксфам, само меѓу сопствениците на Cargill, една од најголемите прехранбени компании во светот, бројот на милијардери се зголемил од осум на 12 во овој краток период во кој цените на храната се зголемиле за повеќе од 30 отсто.
Според анализата на Оксфам, петте најголеми енергетски компании (БП, Шел, Тотал, Ексон и Шеврон) заработуваат по 2.600 долари секоја секунда.
Можеби ќе ве интересира
Димовски најави дека ако нема покачување на платите од септември ќе има радикализација

За повеќе од еден процент скокна цената на нафтата

ДИРЕКТОР ПЛАЧЕ НА СОЦИЈАЛНА МРЕЖА - морал да отпушти вработени поради негова грешка - КОРИСНИЦИТЕ НА LINKEDIN ЗАБЕЗЕКНАТИ
Владата со одлука: Ќе се ограничи профитната маржа на огревното дрво

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година

НАВАЛИ НАРОДЕ НА ПОЕВТИН БЕНЗИН ЗА ДВА ДЕНАРИ, „ДИЗЕЛАШИТЕ“ НЕ СЕ ИЗРАДУВАА - РКЕ ги објави новите цени

РУСИЈА - ПОБЕДНИК ВО КРИЗАТА НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР: Москва ја молзе својата нафтена „кеш крава“ и заработува стотици милиони долари-Блумберг

Владата објави: „Еколог“ за 130 милиони евра ќе произведува електрични возила во Тетово
