19 Мај, 2024
0.0292

Бранко се јави, но звучеше како Мицкоски

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател и премиер на Македонија, Бранко Црвенсковски, по долго време апстиненција и став дека повеќе не сака да излегува јавност, конечно „се пробуди“ и со писмо до медиумите кажа што мисли за референдумот на 30 септември.

Она што може да се заклучи е дека неговиот став е на иста фреквенција со оној на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој подолго време тврди дека Спогодбата од Преспа не е добра, но приоритети се интеграцијата во ЕУ и НАТО. Дури и во една прилика на Мицкоски му се испушти и сам рече „дека ќе гласа против“.- 

„На 30-ти септември ќе излезам на референдумското изјаснување и ќе гласам за! Ќе гласам за, не затоа што мислам дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што сметам дека е нужност од која во даденава ситуација нема бегање“, вели во пишаната изјава за јавноста поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Се верува дека од овој став никој нема да се најде како засегнат и дека сите до некаде ќе се пронајдат во истиот без разлика дали ќе излезат и како ќе гласаат на граѓанското изјаснување.

Дури и реакциите на социјалните мрежи од истите профили кон синоќешната декларација на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски и на дописот во јавноста од страна на Црвенковски се слични.

– Ќе гласам за, не затоа што мислам дека неговото спроведување нема да предизвика негативни последици, туку затоа што негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразмерно поголеми.

Нормално е дека кај секој разумен и одговорен човек кога се работи за вака важно прашање постојат дилеми. Деновиве многумина ме прашуваа дали јас би потпишал таков договор. Мојот одговор е дека во овој момент тоа е апсолутно небитно.

Потписот е ставен и после тој чин враќање назад нема. Ниту во иднина оваа или некоја друга грчка влада ќе се откаже од стекнатите позиции со овој договор, ниту меѓународната заедница (барем оној дел кон чие друштво се стремиме) ќе има разбирање за таквата наша несериозност и неспроведување на превземените обврски.

Знам дека имате многу причини за незадоволство од функционирањето на актуелната власт. Знам дека имате уште повеќе причини за незадоволство од функционирањето на сите досегашни власти..

На 30-ти септември е нешто сосема друго. На овој референдум ќе се одлучува, не кој ќе владее, туку кој пат кон иднината како држава ќе го избереме.

На 30-ти септември, и покрај сите мои тешки внатрешни дилеми ќе го послушам сопствениот разум и ќе гласам за, стои во пишаната изјава на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.



Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“