20 Април, 2018
0.0614

Брегзит може да биде запрен во секое време-како и од кој?

Објавено во: Свет 21 Април, 2017

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Антонио Тајани изјави дека постапката за излегувањето на Велика Британија од Европската унија може да биде запрена во секое време, пишува The Guardian. Ова ќе е особено актуелно во пресрет на предвремените парламентарни избори во земјата, објавени од страна на премиерот Тереза ​​Меј оваа недела.

Тајани рече дека ако новата влада има друг поглед кон Брегзит тоа може да го запре процесот, во согласност со чл. 50 од Лисабонскиот договор. „Постапката ќе биде многу едноставна“, смета тој, со забелешката дека последниот збор во секој случај ќе остане на земјите-членки на ЕУ.

Оваа изјава е во спротивност со изјавите Меј, која ја именуваше Брегзит како неповратен процес.

Предвремени парламентарни избори ќе се одржат во Велика Британија на 8 јуни, иако првично беа планирани за 2020 година. Според владата земјата има потреба од сигурност, стабилност и силно лидерство да ја напушти ЕУ, и од таа причина се наметнуваат и предвремени избори.

Можеби ќе ве интересира

Крвави судири на границата меѓу Израел и Палестина

Крвави судири на границата меѓу Израел и Палестина

Дамаск конечно е ослободен?

Дамаск конечно е ослободен?

(ВИДЕО) Вулкан се буди по 250 години - во цели градови е забрането движење

(ВИДЕО) Вулкан се буди по 250 години - во цели градови е забрането движење

Иран: Ќе има тешки последици ако САД се повлече од нуклеарниот договор

Иран: Ќе има тешки последици ако САД се повлече од нуклеарниот договор

Терористите на ЕТА бараат прошка за сите жртви

Терористите на ЕТА бараат прошка за сите жртви

По децении на власт на Кастро фамилијата Куба со нов претседател

По децении на власт на Кастро фамилијата Куба со нов претседател

Белгија до Албанците: Не сте добредојдени за азил

Белгија до Албанците: Не сте добредојдени за азил

Романија ја сели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим - Кој е следен?

Романија ја сели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим - Кој е следен?

Путин и Трамп нема да дозволат Трета светска војна

Путин и Трамп нема да дозволат Трета светска војна