17 Јануари, 2025
0.0276

Брејк: Без македонска музика им олесна на слушателите, авторите да се замислат

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Се уште трае забраната за емитување на македонска и српска музика која здружението на автори ЗАМП ја оправдува со нападите со кои се соочува од институциите и наводната хајка која се води против нив. Сепак, проблемот е реален и се одразува на работата на радио станиците. Faktor.mk разговараше со Дарко Гелев Брејк, сопственик на Метрополис радио мрежата кој има свој поглед на овој проблем.

Фактор: Како забраната на ЗАМП за емитување на македонска музика се одразува врз работата на вашиот медиум и врз програмата, можат ли слушателите без македонски песни?

Дарко Гелев Брејк: Медиумите се најдоа во многу неповолна ситуација. Се доведовме во состојба да бираме меѓу кривично и прекршочно право. Тоа никако не е во ред.

Неемитувањето на македонска музика,  генерално не беше прифатено негативно од публиката. Ова како момент, би требало сериозно да ги замисли македонските музичари. Очигледно, настојувањата да ја збогатиме програмата со македонска музика по секоја цена, како настојување во законските одредби за програмскиот формат не е баш најдобро прифатено од публиката.  Имам впечаток дека публиката ова ( неемитувањето) го доживеа како олеснување. Но, факт  е дека сите треба да сме поборници за присутност на македонската музика во етерот, но музика која ќе биде квалитетна, ќе ги задоволи барањата за квалитет на публиката, продукциски, мелодиски, содржински... На  секој начин. Ние како медиум, посебно се заложуваме во изборот на македонска музика. Настојувавме да оживееме и некои песни кои ни времето не ги совладало, а на публиката тоа и се допаѓаше.

Фактор: Што мислите за барањата на ЗАМП, дали тие се разумни или пак висината на авторските надоместоци се многу високи, какво е вашето досегашно искуство?

Дарко Гелев Брејк: Кога би работеле во нормални економски услови, верувам дека ништо не би било тешко. Но, и покрај економската кондиција во која се наоѓа нашата држава, ние настојуваме редовно да одговориме на барањата за авторски надоместоци на ЗАМП. Искрено, малку некоректно е да плаќате процент на бруто износ. Скоро сите македонски медиуми уредно си ја вршат својата обврска за подмирување на надоместокот кон ЗАМП од една страна, заедно со емитувањето македонска музика согласно законските рамки за програма, од друга страна.

Фактор: Дали радијата преку своите организации ќе достават свои барања или пак предлози за решавање на овој проблем?

Дарко Гелев Брејк: Да, Здружението на приватните медиуми на РМ, во неколку наврати бараше да се обезбедат нормални услови за работа на медиумите. Но, без заеднички дијалог во кој ќе бидат вклучени сите засегнати, тешко ќе биде да се стаса до решение. Не може работите да се гледаат еднонасочно. Тоа никогаш не носи никаков бенефит. Патем, може да забележиме дека не сите се согласни со одлуката на ЗАМП. Голем дел од музичарите отворено го изразуваат своето несогласување.

За потсетување ЗАМП го обвини Министерството за култура дека сака да му ја одземе лиценцата иако работи законски и дека овозможило формирање на паралелно здружение СОКОМ МАП кое ќе понуди пониска тарифа што ќе биде на штета на авторите. Забраната на ЗАМП ги погоди програмските шеми како на радио станиците кои претежно емитуваат македонска музика, така и на телевизиите. 

Дел од авторите ја поддржуваат одлуката сметајќи дека само вака јавноста ќе ги види нивните проблеми и ќе си ги заштитат своите права, додека пак некои на социјалните мрежи порачаа дека не се согласуваат со ЗАМП.

Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби