Добивај вести на Viber
Набљудувањето ќе се реализира преку засилен дијалог со националните власти, преку мисии и извештаи.
Бугарија е една од шесте држави во ЕУ, за кои Европската комисија утврдила дека доживуваат „прекумерна макроекономска нерамнотежа". Другите земји се Хрватска, Франција, Италија и Португалија, а во Финска, Германија, Ирска, Холандија, Шпанија, Шведска и Словенија има само „нерамнотежа".
Заради овие причини, Комисијата ги става под посебен мониторинг сите овие земји. Мониторингот ќе биде во согласност со типот и големината на дисбалансите, соопшти вчера во Стразбур потпретседателот на ЕК и комесар за еврото, Валдис Домбровскис.
Според Комисијата дисбалансите во бугарската економија спречуваат јакнење на приватните инвестиции. Нето надворешни обврски и бруто надворешен долг на Бугарија стануваат поголеми. Корпоративната задолженост надвор од финансискиот сектор е висока.
Во Австрија, Шпанија, Белгија, Унгарија, Романија и Велика Британија не се откриени вакви економски проблеми, а Грција и Кипар не се вклучени во овој извештај на ЕК.
Во март и април се очекува Европската комисија да одржи билатерални средби со претставници на земјите-членки, на кои ќе бидат разгледани податоците од извештајот. Во април одделните земји треба да поднесат соодветните програми за реформи.