15 Јули, 2020
0.0193

БРИТАНЦИТЕ САКААТ НОВ РЕФЕРЕНДУМ: Протести се одржаа во Лондон

Објавено во: Свет 19 Октомври, 2019

Антибрегзит протести денеска се одржаа во Лондон.

Десетици илјади граѓани денеска протестираа барајќи нов референдум за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија.

Протестите се одржуваа додека во Парламентот се водеше дебата за новиот договор за Брегзит, кој премиерот Борис Џонсон го постигна со Брисел.

Џејмс Макгрори, директорот на кампањата Глас на народот, изјави дека Владата мора да го смири бесот на проевропејците и да организира нов референдум за членството на земјата во ЕУ.

„Овој нов договор не одговара на тоа што им беше ветено на луѓето, така што единствено исправно е да добијат втора шанса за да се изјаснат“ – рече Макгрори.

Тој ги организира протестите. 

„Таму каде постои волја, таму има и договор – го постигнавме! Тоа е фер  и избалнасиран договор за ЕУ и Велика Британија што сведочи за нашата посветеност да се изнајде решение“, пред два дена рече претседателот на Европската Комиисја Жан Клод Јункер потенцирајќи дека конечно е постигнат договор за Брегзит.

На референдумов во 2016 година, 17,4 милиони граѓани на земјата односно 52 отсто поддржаа излегување на земјата од ЕУ, а 16,1 милиони луѓе (48 проценти) беа против.

Од јули 2017 година до денес изработени се 226 анкети, а во 204 испитувања на јавното мислење мнозинството граѓани се изјаснија за останување во ЕУ, а во седум за Брегзит.

фото ЕПА

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Поплава „проголта“ куќа за 5 секунди

(ВИДЕО) Поплава „проголта“ куќа за 5 секунди

СМЕТААТ ДЕКА Е ПОЗАРАЗЕН: Италијанците се плашат од „српскиот“ коронавирус

СМЕТААТ ДЕКА Е ПОЗАРАЗЕН: Италијанците се плашат од „српскиот“ коронавирус

Десет милиони деца во светот можеби нема да се вратат во училиште

Десет милиони деца во светот можеби нема да се вратат во училиште

ЌЕ БИДЕ СЕ ПОЛОШО АКО НЕ СЕ СЛЕДАТ ОСНОВНИТЕ МЕРКИ - Тедрос со нова порака

ЌЕ БИДЕ СЕ ПОЛОШО АКО НЕ СЕ СЛЕДАТ ОСНОВНИТЕ МЕРКИ - Тедрос со нова порака

Идните вакцини треба да стигнат до луѓето на кои им е најпотребно, тврди Бил Гејтс

Идните вакцини треба да стигнат до луѓето на кои им е најпотребно, тврди Бил Гејтс

Колку време трае имунитетот на коронавирусот?

Колку време трае имунитетот на коронавирусот?

Вакцина за коронавирусот нема да има до 2022?

Вакцина за коронавирусот нема да има до 2022?

Комесарот за економија на ЕУ: Се заканува колапс на еврозоната

Комесарот за економија на ЕУ: Се заканува колапс на еврозоната

Украинскиот авион соборен поради серија грешки

Украинскиот авион соборен поради серија грешки