Британија безбедна во новиот план за буџетот на ЕУ
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2012 13:38
Предлогот кој го изнесе претседателот на ЕС, Херман Ван Ромпуј би можел да ја задоволи Британија и други влади кои сакаат да ограничат свој придонес во заедничкиот буџет во време кога ЕУ се обидува да постигне конечен договор пред самитот закажан за 22 и 23 ноември.
За намалувањето на буџетот се спротиставуваат државаи како Франција и поранешни комунистички држави од ЈИЕ во кои земјоделските субвенции играат значајна улога.
- Постоечкиот механизам за олеснувања за Британија ќе продолжи да се применува, се вели во нацртот кој синоќа им е испратен на владите во ЕУ.
Привилегиите за Германија, Холандија и Шведска исто така остануваат, додека Австрија ќе остане без олеснувања.
Предлогот предвидува дополнително намалување на буџетот за околу 27 милијарди евра. Британија, Шведска и Холандија бараат намалување од 100 до 200 милијарди.
Најголем дел од предложеното штедење - околу 17 милиајрди евра, треба да биде остварен со намалување на кохезиони фондови кои опфаќаат финансирање автопатишта и мостови, како и други инфраструктурни проекти во помалку развиените региони.
Франција долго за се заканува дека ќе блокира кој било план за намалување субвенции за земјоделците, додека Британија, Шведска и други сакаат средствата за земјоделие да бидат намалени, а да се зголемат финансирањата во истражување и проекти во енергетскиот сектор и да се покренат други мерки за економски раст.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?




