БРИТАНИЈА: Исламските екстремисти одделно од другите затвореници
Објавено во: Свет 22 Август, 2016
Британија објави планови за сместување на исламските екстремисти во одделни крила на затворите, по истражување дека некои затвореници ги радикализираат обичните муслимани во притвор, соопштија американските медиуми.
Истражувањето, спроведено е по нарачка на Владата и објавено е денеска. Тоа открило уште дека вработени во затворите пројавуваат претерана „културна чувствителност" кон приведените следбеници на исламот, кој може да „спречи ефективната борба против екстремистичките ставови".
Во затворите во Англија и Велс кон крајот на јуни имало 12 633 муслимани, а 8 243 само за минатата година.
Кон крајот на март, од 147-те уапсени под обвинение за тероризам, само 10 не се декларираат како муслимани.