20 Декември, 2025
0.1530

Британскиот бизнис не поддржува излез на Велика Британија од ЕУ

Објавено во: Свет 15 Април, 2013 14:15

Добивај вести на Viber

Велика Британија да остане членка на ЕУ, ова е желбата на мнозинството од британскиот бизнис и луѓето кои се вклучени во него, иако сметаат дека некои од овластувањата што сега му се префрлени на Брисел би требало да се вратат во надлежност на Парламентот во Лондон. Истражувањето што го направи Би-Би-Си за Британската трговска комора, покажува дека 64 отсто од учесниците во анкетата се изјасниле за останување во ЕУ, додека само 18 отсто од бизнисмените сметаат дека Велика Британија треба да ја напушти Унијата и да продолжи самостојно. Мнозинството од оние кои поддржуваат продолжување на членството во ЕУ, веруваат дека би требало да се „дотераат“ некои делови од спогодбите што ги има Велика Британија со Унијата. Најголемиот дел овие бизнисмени смета дека тоа треба да се направи, пред се, со прописите за вработувањето и за работните односи. На бизнисмените им пречат при работењето и сегашните европски прописи за здравство и за безбедност во работата, како и политиката на регионалниот развој во ЕУ.   Според британските бизнисмени, секое драстично менување на сегашниот статус на земјата кон ЕУ, ќе има силно влијание врз домашниот бизнис и кон економскиот просперитет.   Еден голем дел од анкетираните бизнисмени оценува дека референдумот што го најави премиерот Дејвид Камерон, за тоа дали Велика Британија и натаму треба да остане во ЕУ, ќе им наштети на инвестициите, додека помал дел од бизнисот се согласува со премиерот и неговиот план.   Во истражувањето учествуваа четири илјади британски бизнисмени во разни сектори.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот