Бритиш Ервејс најави голем штрајк на Божиќ - Илјадници летови загрозени
Објавено во: Економија 17 Декември, 2016
Синдикатот на кабинскиот персонал на авиокомпанијата Бритиш Ервејс соопшти дека илјадници вработени ќе ја прекинат работата поради „малите плати и неисполнетите ветувања“ за мешовитата флота на „Бритиш ервејз“, во која се ангажирани од 2010 година.
За да биде проблемот поголем штрајкот ќе се одржи на 25 и 26 декември на католички Божиќ кога бројот на летови е драстично зголемен бидејќи за празниците многумина патуваат дали за одмори или за посета на своите семејства и блиски. Се стравува дека за овие два дена може да бидат загрозени дури 40.000 летови од и до аеродромот Хитроу во Лондон кој е еден од најголемите во светот.
Бритиш ервејз би можел да ги пренасочи патниците во други авио компании, но ќе загуби огромни финансиски средства.