БРНАБИЌ Е ПОДГОТВЕНА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Премиерката не е против избори
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2023
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека е подготвена во секој момент да поднесе оставка од премиерската функција.
„Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да бидам јасна - подготвена сум во секој момент да поднесам оставка од премиерската функција, а претседателот Александар Вучиќ го знае тоа и засега одбива. Можеби ќе се премисли“, рече Брнабиќ на Твитер.
Таа рече дека не е против избори.
„Сакате избори - нема проблем, ние секогаш сме за избори. Јас секако останувам лојален на Србија и на претседателот Вучиќ“, додаде Брнабиќ.