14 Декември, 2025
0.0317

БРЗ СНЕЖЕН БРАН ЌЕ ДОНЕСЕ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ: Еве ги метео деталите од Попоски

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Во текот на претстојната ноќ, значи петок кон сабота (3 кон 4 јануари), како и во сабота во раните утрински часови, особено во северозападните  и во западните предели од Македонија од север ќе помине еден брз снежен бран кој на повеќе места ќе донесе пообилни врнежи од снег (вклучувајќи ги и градовите во овој дел од Македонија). Овој бран на снежни врнежи позначително ќе е зголеми снежната покривка на планините и на Скијачките центри (за 20 до 30 сантиметри, локално можно  е  и за повеќе). Мала снежна покривка ќе се формира  и во делови од градовите во овој дел од Македонија, вели метеорологот Славчо Попоски. 

„Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час). Во Скопје и околината повремен снег се очекува особено во повисоките предели од котлината, како и на околните планини.

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат  и во сабота ќе се движат во интервалот само од 1 до 8 степени, додека на повисоките, планинските и на Скијачките центри температурите постојано ќе бидат под нулата.

Во следните мои метео објави следува детална анализа околу температурите кои се очекуваат овој викенд во Македонија, кога очекуваме значително поладни утра“, вели тој.


Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово