26 Април, 2024
0.0296

Бучковски: Лудите години на владеење на Груевски се виновни за се

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешниот македонски премиер и ексминистер за одбрана Владо Бучковски го обвини бившиот претседател на Владата, Никола Груевски, како највиновен за тоа што дел од граѓаните не сакаат да ја прифатат Спогодбата од Преспа и им се чини дека референдумот е „мачка во вреќа“.

„Болен е компромисот. Тоа е таа жртва, според мене, за квалитет. Македонија прави голема жртва. Ова е уникатен пример. Но, тоа беше нужно поради сите оние, според мене, луди десет години на владеењето на Никола Груевски, кога самите го загрозивме идентитетот“, изјави Бучковски во интервју за Бугарска национална телевизија (БНТ). 

ЕКс-премиерот додава дека Груевски со антиквизацијата, со барањето на корените на нашите предци во антиката, го разгорел национализмот во Грција и Македонија ја доведол во ситуација да ја изгуби поддршката од меѓународната заедница.

„Македонија е мала држава. Научи нешто во последната година. Тука јавно повторно да се заблагодарам за сета помош што ја даде бугарската Влада, пред сè, премиерот Бојко Борисов, и вашиот министер за надворешни работи Екатерина Захариева. Реално, за време на бугарското претседателство со ЕУ ние го направивме најголемиот исчекор, го затворивме ова прашање со Грција, но од друга страна ги отворивме перспективите за стабилизација на овој дел од Европа. Значи, Балканот не може да биде стабилен без стабилна Македонија. Затоа, јас сум убеден дека граѓаните на Република Македонија се свесни за жртвата што ја прават, но од друга страна нема алтернатива за Македонија. Ние мораме да бидеме дел од НАТО и од Европска унија за да престанат сите калкулации со нашата иднина“, заклучи Бучковски.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо