17 Мај, 2024
0.0334

Бучковски: Во историските комисии да се вклучат и Германци

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Специјалниот пратеник Владо Бучковски пред средбите со бугарскиот државен врв денеска и утре даде интервју за бугарскиот 24 Часа во кое поранешниот премиер предлага во историските билатерални комисии со своја работа да се вклучат и германски експерти. Во прилог целосното интервју за денешното издание.

- Проф. Бучковски, што доведе до тензија меѓу Софија и Скопје? Кои се главните разлики меѓу двете земји, што доведе до вето од Бугарија на преговорите за пристапување во ЕУ на Република Северна Македонија?

- Несогласувањата се однесуваат на заедничката историја ... Проблем е изгубената доверба ...

- Како мислите дека вашето назначување како специјален претставник ќе влијае на билатералните односи? Која е вашата мисија кога ќе дојдете во Софија?

- Очекувам дека моето назначување за специјален претставник ќе биде чекор напред за враќање на изгубената доверба. Ценам дека Бугарија изразува голема почит кон овој мој пост, како што може да се види од моите состаноци на највисоко ниво на 9 и 10 декември во Софија.

- Кои се алатките за акција на обете страни за излез од ќорсокакот?

- Ние бараме заеднички алатки за спроведување на Договорот за пријателство и соработка од 2017 година. Постојат повеќе предлози од наша страна - директориум (мапа на патот), акциони планови во различни области ...

- Како течат преговорите во заедничката историска комисија, чиј последен состанок беше во четврток и петок минатата недела? Зошто повторно немаше напредок?

- Работата на заедничката комисија е тешка, таа не е само историска, туку и едукативна. Потребна ни е нова енергија во оваа заедничка интердисциплинарна комисија. Јас лично сум за учеството на германски експерти за да се обезбеди поддршка! Тие имаат најголемо искуство во такви ситуации (германско-француски, германско-полски ...).

- Македонските корисници на социјалните мрежи отворено создадоа антибугарски групи. Какви се расположенијата меѓу граѓаните на Северна Македонија кон Бугарите, ако ги земеме настрана политичките и историските разлики?

- Имаме сериозен проблем. Потребна ни е нова стратегија за да ја увериме и јавноста кај нас и кај вас. Ни треба малку повеќе трпеливост!

- Дали сте запознаен со предлогот за излез од кризата на поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев и дали е можно тоа според вас?

- Да, запознаен сум со предлогот на поранешниот претседател Плевнелиев, кого многу го ценам. Ќе го видам лично за да разговарам за неговите идеи.

- Која е причината што од крајот на вашиот мандат како премиер во 2006 година односите меѓу двете земји да не се подобрат многу?

- Со Саксобурготски-Гота (Симеон Саксобурготски-Гота, премиер на Бугарија во периодот 2001-2005 година) и Станишев (Сергеј Станишев, премиер на Бугарија во периодот 2005-2009 година) ги поставивме темелите на искрено пријателство и соработка од 2004 до 2006 година. За жал, изгубивме 11 години за време на владеењето на Груевски.

- Опозициските протести во Скопје бараат оставка од премиерот Зоран Заев, а неодамна и од вас. Дали акциите на македонската опозиција наоѓаат поддршка меѓу граѓаните?

- ВМРО-ДПМНЕ не обвинува за тајни преговори и предавство на земјата, но поголемо дел од нашите граѓани знаат дека ова ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот водач Кристијан Мицкоски шират лажни вести, затоа протестите им се слабо посетени.

- Како се чувствувате - македонски, бугарски или југословенски?

- Се чувствувам како Македонец што зборува македонски ... Јас одговарам на вашите прашања на мојот мајчин јазик - македонски. Почитување на нашето право на самоопределување, почитување на нашиот идентитет е нашата црвена линија.


Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори