26 Април, 2024
0.0316

Бугарија ќе каже „не“ на почнувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија, пишува Политико

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Бугарија го информира Брисел дека во Македонија се води „антибугарска идеологија“.

Дипломатите брифираат дека се очекува Бугарија да каже „не“ на почнувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија. 

Во документот дистрибуиран од Софија до владите на ЕУ, виден од новинар на Политико, Бугарија вели дека она што се случува во Македонија го смета за „антибугарска идеологија спонзорирана од државата“, пишува Политико.

„Нема да навлегуваме во деталите за бугарската чувствителност, кои се базираат на аргумент за тоа кој бил подобар во борбата против Отоманската империја пред повеќе од еден век. Штета за Северна Македонија! Се откажаа од името на нивната земја за да ги смират Грците и сега се очекува нивната историја да биде подложена на одобрување од Бугарија. И сето тоа, имајте предвид, за нејасна можност за евентуално влегување во ЕУ, имајте предвид“, пишува „Политико“.

Германија сака Македонија да ги почне преговорите, а бугарската страна веќе кажа дека имале притисок од Германија. 

Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија, вели бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов во интевјуто за „Дарик радио“. 

Ваквата изјава на Каракачанов доаѓа на само неколку недели пред средбата Борисов-Заев по која ќе биде многу појасно дали Софија ќе биде пречка за почеток на преговороте најавени за крајот на годината.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска кажа дека поминало времето кога во регионот ваквите провокации се сметале за сериозни. Вели дека ова не е начин на кој комуницираат две земји членки на НАТО. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби