26 Април, 2024
0.0280

Бугарите и Романците од јуни слободно ќе може да влегуваат, работат и отвораат бизнис во Швајцарија

Објавено во: Балкан 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Романија и Бугарија од 1 јуни годинава ќе имаат целосна слобода за влез, вработување и отворање на бизнис во Швајцарија.

Како што објави бугарското министерство за надворешни работи, Бугарите и Романците во иднина ќе имаат исти права како и останатите граѓани на Европската унија - освен граѓаните на Хрватска, пренесува бугарската новинска агенција.

Хрватска значи, ќе остане единствена држава членка на ЕУ , чии граѓани не можат да живеат и работат под Алпите, туку ќе мора да имаат работна дозвола ако сакаат да останат во Швајцарија повеќе од три месеци, согласно со квотата која ја воведе оваа земја, пишува Пословни дневник.

Швајцарија не е членка на ЕУ, но со Унијата е блиско поврзана низ билатерални договори, кои и овозможуваат да учествува во единствениот пазар на ЕУ иако не е членка.

Тоа стана возможно откако Швајцарскиот сојузен совет (владата на Швајцарската конфедерација) на 15 мај усвоила одлука со која се укинуваат квотите за бугарските и романските граѓани. Со таа одлука е изменета и службената Регулација на примената на договорот помеѓу ЕУ и Швајцарија за слободно движење на лицата.

Швајцарија, имено, како и некои други членки на ЕУ, воведе транзициски период по прашање на слободата за движење на граѓаните на новите членки на Унијата.

Бидејќи максималното траење на транзицискиот период од 10 години, според договорот помеѓу Швајцарија и ЕУ, е период кој почна на 1 јуни 2009 а завршува на 31 мај 2019.

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син