БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2024 15:37
Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, за да можеме да се обидеме да се процениме каде ќе се движи земјата понатаму, изјави дописничката на БТА од Скопје, Маринела Величкова, во емисија на Бугарската национална телевизија (БНТ).
Според бугарските новинари, целото однесување на државава доведе до ваквата одлука на Брисел. Сите активности како што велат на Владата водеа кон тоа, а сите предупредувања од ЕК не се слушнаа.
„Лошата вест од Брисел падна во сенка на посетата на Виктор Орбан. Фактот дека Орбан слета во Охрид беше водечка тема во позадината на оваа важна информација за Република Северна Македонија. Веројатно повторно ќе биде во вестите кога и на кој начин Република Северна Македонија ќе ја сфати тежината на оваа одлука, ми се чини дека допрва треба да видиме“, изјави новинарката Величкова.
Таа коментираше и за францускиот предлог.
„Во 2022 година, ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција, организираше протести со повици дека францускиот предлог е бугарски диктат. Се игнорираше фактот дека ЕУ беше под радар, под радар беше податокот дека сите 27 членки ја прифатија оваа преговарачка рамка“, додава новинарката.
Според бугарските аналитичари, оваа „патриотска реторика“ беше една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите. За речиси 100 дена влада, освен т.н Францускиот предлог + никогаш не се слушна јасен план за идната европска интеграција на Северна Македонија, за која оваа влада тврдеше дека е приоритет.
„Унгарската политика во голема мера ја испровоцира ЕУ. Огромниот заем што оваа земја ѝ го даде на Северна Македонија, говори за тоа. За разлика од Скопје, Албанија измина долг пат во последните години, исполнувајќи ги сите барања на ЕУ“, коментираше во емисијата на БНТ историчарот Христо Матанов.
Според него, има Македонци кои мислат дека патот на Северна Македонија треба да води кон Србија и Москва.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




