19 Мај, 2024
0.0335

БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР ПРИЗНА: Во Бугарија има луѓе со македонски идентитет

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Неточно е тврдењето дека нема македонско малцинство во Бугарија, вели кандидатот за претседател на Бугарија од Национална унија на десницата – КОД, Горан Благоев. 

Тој  во изјава за БНТ, кажа дека се потребни интензивни политички преговори затоа што односите меѓу двете земји се пред замрзнување. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој оценува и дека само со историја не може да се живее.

Во Бугарија има луѓе со македонски идентитет, што е наметнат од поранешната Бугарска комунистичка партија, која управуваше 45 години“, изјави Благоев.

Благоев го поставува и прашањето зошто на средбата кај претседателот на Бугарија, Румен Радев имало луѓе кои претставуваат само една гледна точка, алудирајќи на средбата во Софија со претставници на здруженија на Бугарите во Македонија. Кажа дека не треба да се зборува за бугарско малцинство во Македонија, туку Бугарија треба да ги брани индивидуалните права на секој бугарски државјанин кој има бугарски идентитет. Според него,  впишувањето на Бугарите како посебна етничка група ќе даде, како што вели, „основа за претензии за македонско малцинство во Бугарија од страна на Република Северна Македонија“. Тој забележува дека лажните вести за наводно скеварнавањето на споменици го поттикнуваат непријателството. Македонците во Бугарија неодамна излегоа со Декларација, и се пожалија дека на попис не можеле да се изјаснат како Македонци. 

Фото: tribune.bg

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“