18 Мај, 2024
0.0268

Бугарските експерти во Германија со плата од …. илјади евра

Објавено во: Балкан, Свет 19 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Околу 3 800 евра е месечната плата на бугарските инженери и ИТ професионалци, кои заминале да работат во Германија. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за вработување за првите шест месеци од годината, изготвени за бугарски еконосмки портал.

Агенцијата е посредник при наоѓање на работа на бугарските специјалисти, а огласите се објавуваат на сајтот Еures.bg. На него најмногу работни места се огласуваат во Германија, Франција, Чешка, Шведска и Австрија. Овие позиции се отворени за граѓаните на сите земји од ЕУ и Швајцарија.

Плаќањето во Германија се определува од колективните договори за индустријата во соодветната германска покраина и од квалификациите и искуството на вработените. Така на пример за возачи платата варира помеѓу 1 500 - 2 000 евра бруто месечна плата, за техничките специјалисти 2 100 - 2 800 евра, за готвачи со стручно образование и искуство - од 1 800 евра бруто месечно, за келнери - помеѓу 1 200 и 1 800 евра бруто, за работници во синџири за брза храна - до 1 200 - 1 500 евра бруто. Понекогаш работодавците им нудат на Бугарите и дополнителни бенефиции како бесплатно сместување и храна.

Веќе неколку години кон Агенцијата за вработување се свртуваат работодавачи од Шпанија, кои бараат аниматори за хотели во летната сезона и од Велика Британија - со работни места за готвачи. Еден од најновите трендови е дека поради стареењето на населението, секоја година расте бројот на понуди за чување на возрасни и болни луѓе.

Според статистиката на EURES во Европа најмногу се бараат инженеринг специјалности, работните позиции во производството и компјутерски специјалисти.

Според податоците на Агенцијата од почетокот на годината работа во други европски земји почнале над 950 Бугари. Најголем број од нив, околу 800, се ангажирани за сезонски вработувања во земјоделството во Шпанија, Португалија и Данска.

Голем број бугарски граѓани почнаа работа и во туристичката индустрија во земји како Австрија, Германија, Велика Британија, Шпанија и неколку аниматори во Грција. Како технички специјалисти и работници во производство во Германија, Чешка и Италија нашле десетици .

Можеби ќе ве интересира

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен