19 Мај, 2024
0.0278

Бугарско-македонскиот мешовит комитет денеска со прес-конференција по дводневните средби

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Членовите на мешаниот бугарско-македонски мешовит комитет за историски и образовни прашања Комисија за историски прашања денеска ќе одржи прес-конференција откако вчера во Скопје заврши првата од дводневните средби по девет часа дебатирање. 

Се очекува пред медиумите билатералните комисии да дадат одговор за евентуалниот напредок од последната дискусија, особено за Гоце Делчев како историска личност, откако претходните три средби токму на оваа тема завршија без успех, односно напредок.

Ккао причина за тоа се цврстите позиции на членовите на бугарскиот дел од комисијата, кои сакаат да го истакнат тоа дека Делчев е Бугарин, националност што за македонските историчари е неприфатлив залак, зошто дефиницијата за нечија националност не е нешто за што треба да утврдуваат историчарите.

Состанокот на заедничката комисија продолжува и денес по што е планирана прес-конференција на двајцата координатори Ангел Димитров и Драги Георгиев. Според одредени медиуми, првиот ден од работата на комисијата поминал во конструктивна атмосфера што дава надеж за напредок во отворените прашања. 

Станало и збор за учебниците по македонска историја за основните училишта, т.е. за препораките кои се однесуваат на античкиот период. Главната тема - за Гоце Делчев е оставена за денес.

Убеден сум дека ќе се најде решение во врска со историските проблеми со нашиот источен сосед, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во своето синоќешно телевизиско гостување, додека дел од познавачите на македонско-бугарските односи заклучија дека нов договор со Бугарија не е можен и дека Бугарија македонското прашање го користи за политички поени пред парламентарните избори.



Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“