30 Март, 2020
0.0280

Бујар Османи: Го посетив семејството на Хаки Азири, откако ме погоди нивното писмо

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, денеска како сведок во случајот „Монструм“ рече дека го посетил семејството на обвинетиот Хаки Азири, но не за да интервенира политички по петкратното убиство на Смилковско езеро, туку да му објасни на неговото семејство дека нема информации каде бил исчезнат во тој период. Османи рече дека му одговорил на семејството откако тие испратиле писмо до него.

– Родителите на Хаки пратиле писмо јас да кажам каде им е синот. Тоа ме погоди. По настанот и акцијата имаше свикано претседателство во партијата и се донесоа одредени ставови, кои јас требаше да ги пренесам во јавноста. Во интервју на национална телевизија, требаше да ги кажам ставовите. Истиот ден или наредниот, на национална телевизија, додека бев во операциона сала, имаше писмо од еден од обвинетите, Хаки Азири, во кое стоеше „Нека каже Бујар Османи каде е мојот син?“. Ми беше важно да кажам дека не знам каде е. Преку луѓе кои се соседи, побарав да се сретнам со нив за да им ги пренесам ставовите – рече Османи.

Второто судење за случајот „Монструм“ тој го оцени како транспарентно и надвор од политички влијанија. Османи своевремено беше портпарол на ДУИ кога се случи овој немил настан.

Следното рочиште продолжува на 27 февруари, а како сведоци се поканети Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК и високи поранешни функционери на ДУИ како Муса Џафери и Блерим Беџети, порашен министер за правда.


Можеби ќе ве интересира

Рама за МТВ2: Со Италија сме тесно поврзани, со Македонија нема да има размена на доктори

Рама за МТВ2: Со Италија сме тесно поврзани, со Македонија нема да има размена на доктори

Владата бара да се ослободат од работа лицата со попреченост, слепите лица и инвалидите

Владата бара да се ослободат од работа лицата со попреченост, слепите лица и инвалидите

Кина со парична помош на сметката на Министерството за здравство

Кина со парична помош на сметката на Министерството за здравство

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонското знаме подигнато во Брисел, стигнаа првите честитки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонското знаме подигнато во Брисел, стигнаа првите честитки

Ако има потреба ученичките и студентските домови ќе се користат за карантин

Ако има потреба ученичките и студентските домови ќе се користат за карантин

Свикан Совет за безбедност: Гувернерката и министри кај Пендаровски

Свикан Совет за безбедност: Гувернерката и министри кај Пендаровски

Филипче кажа кога се очекува пикот на заразата со коронавирусот

Филипче кажа кога се очекува пикот на заразата со коронавирусот

(ФОТО) Се мести полската болница во Скопје

(ФОТО) Се мести полската болница во Скопје

Ќе одговара лице кое не ја почитувало самоизолацијата

Ќе одговара лице кое не ја почитувало самоизолацијата