27 Април, 2024
0.0277

Царовска бара поддршка од пратениците за Предлог-законот за социјална заштита

Објавено во: Економија 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Предлог-закон за социјална заштита денеска ќе се најде пред пратениците во надлежната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

За предлог-законот минатата недела се одржа јавна расправа во матичната комисија на која невладините организации кои работат во различни сфери кои ја засегаат оваа област упатија апел за итно донесување на ова законски решение. Социјалната заштита е надпартиска, надетничка, пратениците да ги остават настрана разликите и да мислат на граѓаните, порачаа тие.

-Сите пратеници од овој наш Парламент да ги тргнат своите партиски оклопи и да покажат дека се грижат за граѓаните пред тесно партиските интереси од кои веројатно се водат, им порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на пратениците кои беа присутни на јавната расправа.

Реформата како, што појасни Царовска има две линии, зголемување на финансиите за социјалната помош и децентрализација на социјалните услуги со нивно распределување меѓу централната, локалната власт и невладиниот сектор.

Со тоа што, како што кажа, законот не почна од 1 јануари од непознати причини повеќе од 30 илјади домаќинства не ја добиваат достоинствената социјална помош, повеќе од 60 илјади деца не ги земаат детскиот или образовниот додаток, илјада вработени во центрите за социјална работа не ги добиваат своите достоинствени плати.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра