30 Април, 2024
0.2762

Cекој четврти Германец заработува едвај минимална плата

Објавено во: Свет 28 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Да работие во Германија не значи дека и добро ќе заработите. Според истражувањето на Институтот за истражување на пазарот на труд, кој е дел од Сојузната германска агенција за вработување, во тој поглед, Германија е падната зад Кипар, Бугарија, Велика Британија и Полска, информира Дојче Веле. Според тоа, секој четврти работник или повеќе од 7 милиони граѓани во Германија заработуваат под износот кој може да се смета за минимален приход. Тој минимален приход се одредува со две третини од статистичката средина меѓу половина лица кои заработуваат повеќе и половина вработени кои земаат помала плата. Во апсолутен износ би можело да изгледа дека во Германија и натаму добро се заработува, бидејќи границата за минимален приход е 9,54 евра од работен час. Но, тоа е бруто износ од кој се одбиваат давачкките за социјално и здравствено осигурување, данокот и другите одбитоци. Подобро од Германија се заработува во Австрија, каде прагот е 9,76 евра, како и во скандинавските земји: Финска (11 евра), Шведска (12,13 евра) и Данска (15,80 евра). Една од главните причини за лошата положба на Германија во ова истражување е што во неа има се помалку постојано вработени лица и тоа со полно работно време. Како што истакнува раководителот на истражувањето Томас Рајн, тој тренд почнал уште во 90-те години на минатиот век, а со оглед на тоа што дури сега се обработени податоците за 2010 година, многу е веројатно состојбата во меѓувреме да станала уште полоша. Во делот на вработените на неопределено време, значи не сметајќи ги хонорарците и вработените кои немаат полно работно време, состојбата во Германија е нешто подобра, но и натаму значително полоша од просекот во ЕУ. Рајн нагласува дека затоа се’ помалку вработени се опфатени со колективниот договор меѓу работодавачите и синдикатот за висината на платата. Во 1996 година тој на западот од Германија опфаќал 70 проценти од вработените, а во 2012 година предностите од тој колективен договор ги чувствувале само 53 проценти од вработените.  

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург