26 Април, 2024
0.0318

Цел град се гуши во смог, а патент кој растерува магла за 15 минути 18 години ни стои во фиоки

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Патентот на тројца македонски иноватори, др. Стефан Стефанов, др. Владо Спиридонов и Чало Чаловски, кој за 10 до 15 минути може целосно да ја растера маглата, веќе 18 години е заборавен низ фиоките на државата. Оваа приказна јавноста ја обиколи на почетокот на годината кога повеќе градови исто како и минативе неколку дена се гушевме во магла и смог.

Оваа иновација Министерството за економија ја прогласи во 2000 година за Патент на годината, а работата на тројцата македонски иноватори истата година освои златна медалка ЕУРЕКА во Брисел, за две години подоцна да добие и Гранд при во Будимпешта.

И покрај овие признанија, растерувачот на магла, кој повеќе пати успешно е тестиран, остана заборавен, иако Скопје и останатите градови, посебно во периодот кога настапи зимата, се гушат во магла и смог. Еден од иноваторите др. Стефан Стефановски, кој веќе 17 години е во пензија, вели дека добивката од оваа алатка за растерување магла би било и намалување на аерозагадувањето, а тоа значи почист воздух.

Нивниот изум е едноставен и не толку скап, а работи на принцип распрскување течен CO2 кој ја менува агрегатната состојба на маглата, односно ја кристализира и спушта на земја.

Оваа алатка може да се постави на возила и со неа да се третираат поголеми, да речеме градски површини, а може да работи и како стационарен уред. При создавање на патентот, тројцата иноватори тој уред го поставија на возило и со него „обработија“ цела десна страна на реката Вардар во Скопје, а маглата беше растерана за десетина минути.

За да би биле целосно сигурни во ефикасноста на својот патент, тие го тестирале во рудникот Суводол, во Рударско-енергетскиот комбинат во Битола, а последен пат во 2002 година на скопскиот аеродром. Резултатите секаде биле исти.Маглата исчезнала во многу краток рок и тоа во радиус од дури 1,5 километри од местото на праскање.

И покрај тоа, државните институции не беа заинтересирани за примена на овој патент, а сега во правец на намалување на загаденоста се преземаат мерки кои не се олку ефикасни, барем не можат веднаш да придонесат за чист воздух.

Македонија важи за една од најзагадените земји во Европа, а првото место по загаденост на воздухот деновиве го држи Скопје.

Оттука ги потсетуваме властите на овој изум, кои можеби ете го заборавиле.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“