08 Мај, 2024
0.0250

Цел свет тагува со Македонија, телеграми со сочувства од сите страни

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Сочувства за загубата на 14 лица во несреќата која ја зави во црно цела Македонија доаѓаат од цел свет.

Германскиот амбасадор Томас Герберих, испрати телеграма со сочувство до премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во која  изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Тетово.

„Длабоко ме погоди веста за тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчера вечер. Ви изразувам најдлабоко сочувство и од името на германската Амбасада. Нашето длабоко сочувство го упатувам особено до семејствата на жртвите“ - пишува во телеграмата.
Трагедијата допре и до еврокомесарот Јоханес Хан. Утешни зборови до државата и семејствата на загинатите испрати и тој.
„Сочувствуваме со семејствата и пријателите на жртвите и повредените“, пишува на Твитер еврокомесарот по сообраќајката кај Карпалак.
Телеграма со сочувство дојде и од Министерството за надворешни работи на Република Турција

Во телеграмата на турското МНР се вели:

„Со тага ја примивме веста дека синоќа, на релацијата Скопје – Тетово, се случила сообраќајна несреќа, во која загинаа 14 лица и има голем број повредени. На семејствата на загинатите и на нашиот братски народ на Македонија им изразуваме сочувство, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување.“

Во автобуската несреќа меѓу селата Карпалак и Ласкарци вчера околу 17 часот животот го загубија 14 лица, а 37 беа повредени, од кои седум во тешка здравствена состојба. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава