19 Мај, 2024
0.0273

ЦЕЛА ГОДИНА ГО ЧУВАЛА ДЕТЕНЦЕТО, А НИКОЈ НЕ СЕ ПОСОМНЕВАЛ - ќе помогнат ли лиценците за негователи

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Јавноста уште е во шок од насилната сцена со негователката која тепа мало детенце во игротека во Аеродром. 

Надлежните органи работат на случајот.

Основниот кривичен суд Скопј донесе решени со кое се усвојува предлогот на обвинителството и се определува мерка притвор од 30 дена за дадилката.

Ова следува откако таа претходно беше приведена и задржана во полициска станица. Сепак, се уште не се познати мотивите за оваа жена така грубо да се однесува кон детето што и било доверено на чување.

За овој случај се дозна откако кафулето каде што се наоѓа игротеката ја објави скандалозната снимка. На неа се гледа  ако дадилката му удира шамари, го влече и гуши детенцето во неколку наврати, додека другите деца се лизгаат на игралиштето.

Двегодишното детенце има видливи повреди на лицето и вратот, што се гледа од фотографија која ја објави роднина на детенцето, а на која се гледаат модринки и гребнатини.

А негователката веќе една година претходно го чувала детенцето. Блиски на семејството апелирале да ги контактира  секој кој го забележал насилството, бидејќи дадилката секојдневно ги шетала децата во населбата Аеродром.

Министерката за труд и социјала смета дека ваквото насилство кај децата на таа возраст понатаму може да предизвика губење на нивниот потенцијал но и да се стекнат со одредено насилно однесување. Царовска вели со закон се утврдени лиценци за негователки но родителите практикуваат за нивните деца да се грижат познаници.

„Во законот постои опција физичко лице да добие лиценца за грижа, но често родителите одлучуваат лица блиски до нив да бидат негуватели и не избираат лиценцирани воспитувачки и негователки во нивните домови. Ги потикнувам родителите, има организации и компании кои вработуваат само лиценцирани негователки и токму затоа ниту во законот за детска заштита гарантиравме дека физичко лице може да се стекне со лиценца и да работи професионално во оваа област“, вели Царовска 

Македонската асоцијација на дадилки го осуди бруталното насилство и понудија стручна помош на родителите. Според нив, законот за заштита на деца е менуван неколку пати но се уште не дава применливо и соодветно решение особено во домашното згрижување на деца. Според законот за лиценца за дадилка е потребно само кандидатот да има завршено средно образование и полагањето не е доказ за знаење, вештини и компетенции на една личност. Кандидатите доставуваат и лекарско уверение но од асоцијацијата се прашуваат колку е тоа меродавно за некој да чува деца.



Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“