26 Април, 2024
0.0296

ЦЕЛО ДУИ ДОЈДЕ НА СЕЧЕЊЕ ЛЕНТА НА СПОРТСКА САЛА - Артан Груби заборави да ја спомене Мила Царовска

Објавено во: Македонија 06 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Денеска новоизградената спортска сала „Фаик Коница“ во село Доброште општина Теарце имаше многу посетители.

Министерката за образование Мила Царовска, но и половина ДУИ, предводени од лидерот Али Ахмети лично и сите најважни државни функционери од оваа партија.

Еве што за настанот соопштија од Кабинетот на министерката Царовска, односно од МОН. 

„Министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со министри и пратеници денеска ја посетија новоизградената спортска сала во основното училиште „Фаик Коница“ во с.Доброште, општина Теарце. Новата сала е градена согласно барањата за енергетски ефикасни објекти“, се вели во соопштението.

Министерката Царовска  нагласила дека со оваа современа спортска сала, учениците од оваа рурална општина добиваат катче за спортски активности но и за реализација на изборни предмети според афинитетите на учениците. 

„Физичкото образование создава здрави генерации, ги поттикнува учениците да спортуваат па и да постигнуваат повисоки резултати. Затоа како Влада и како Министерството за образование и наука сме насочени кон инфраструктурни вложувања во објекти каде децата ќе можат во пријатни услови да ги реализираат часовите за спортски активности. И тоа го правиме плански. Минатата година имавме повик за инфраструктурно вложување во училиштата и оваа година продолжуваме да градиме по план, согласно потребите на општините, со цел да го подобриме основното образование во нашата држава. Затоа што за квалитетот на основното образование се важни сите чинители – и квалитетните наставни програми и обучените наставници но исто така се значајни и условите во кои се одвива наставата. Многу ми е драго што децата од оваа општина добиваат поквалитетно образование“, изјави Царовска.

Спортската сала во основното училиште во Доброште е со површина од 650м2  и е целосно опремена со спортски реквизити. Изградбата на салата чинеше 22,6 милиони денари.

А еве што напиша на фејсбук Артан Груби, прв вивепремиер во Владата на земјава.

„Денес заедно со Бујар, Фатмир, Јетон го придружувавме претседателот Али Ахмети на инаугурацијата на спортската сала на ОУ „Фаик Коница“ во село Доброште, општина Теарце.

Свесно или не, тој заборави да ја спомене министерката Царовска, иако на објавените фотографии може да се забележи и нејзиното присуство.

Оваа инвестиција ќе им служи на идните генерации за кои работиме и нема да застанеме тука.

Во оваа прилика, уште повеќе ја мотивираме локалната самоуправа да продолжи со проекти кои се од особено значење во областа на образованието, спортот и младите како еден од најголемите приоритети на Владата“, напиша Груби на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени