04 Мај, 2024
0.0239

Целосна раководна промена во МЕПСО - Ова се новите членови на одборите

Објавено во: Економија 10 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Со одлука на Владата дојде и до целосна промена на раководството на Македонскиот електропреносен систем, па така освен со изборот на новиот генерален директор Сашо Василевски, избрани се и целосно нови состави на Управниот и Надзорниот одбор.

Во Управниот одбор на МЕПСО АД Скопје нови членови се Борко Алексоски кој ќе ја врши функцијата директор за управување со електропреносниот систем, потоа Симон Шутиноски, назначен задиректор за управување со пазарот на електрична енергија, Ненад Крстевски е нов за директор за правни и општи работи во дирекција, Сашо Стефановски е назначен за директор за пренос на електрична енергија, а Томи Божиновски за директор за информациони технологии и телекомуникации во дирекција. 

Новиот Надзорен одбор на МЕПСО ќе го сочинуваат Ева Шуклева, која е и претседател на ова тело, а покрај неа членови се Даме Коруноски, Николче Ацевски, Назиф Буши, Снежана Чундева и Трајче Черепналковски. 

Разрешување од Управниот одбор на МЕПСО добија Кирил Ачкоски кој беше директор за управување со пазарот на електрична енергија, потоа Ацо Ристоски задолжен за преносната мрежа. Исто така од позицијата заменик генерален директор и член на управен одбор е разрешена и Елизабета Гиевска, а од Управниот одбор е тргнат и сега поранешниот генерален директор Ненад Јовановски. Роберт Ордановски е разрешен од функцијата директор за информациони технологии и телекомуникации во МЕПСО.

Промените во Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО како и новиот генерален директор се утврдени и запишани во Централниот регистар на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?