26 Април, 2024
0.0330

Цената на нафтата во вис: Горивата ќе поскапат и кај нас

Објавено во: Економија 20 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Значаен раст на цените на нафтата е забележан во последните неколку дена, а барел во петокот стаса до 73 долари. Причината за растот е намалената понуда и загриженоста околу новиот прекин на испораката за Блискиот исток поради тензиите. Растот на цената на нафтата впрочем сега и многу повеќе треба да не засега, затоа што поскапувањето или поевтинувањето директно и најмногу влијае на формирањето на цената на дериватите кај нас.

Според новите правила Регулаторната комисија за енергетика одредува максимална цена, а дистрибутерите секој понеделник одредуваат цени на бензините и на дизелот. Освен цената на нафтата на светскиот пазар во нивната вкупна цена се вкалкулирани и дополнителните трошоци за носење на дериватите, давачките за транспорт до пумпите и трошокот за склaдирање. Дали поскапувањето на нафатата на светскиот пазар ќе ги зголеми цените на дериватите на пумпите ќе стане јасно во понеделник но тоа е повеќе од очекувано.

Во петокот цената на северноморската нафта од типот брент порасна за 43 центи на 73,05 долари за барел, објави Блумберг и потстети дека „брентот“ оваа недела зајакна за дури 3 проценти.

Американската „лесна“ нафта поскапе за 60 центи и стаса до ниво од 63,47 долaри за барел. Американските санкции против Иран дополнително го намалија извозот на сурова нафта од таа земја членка на ОПЕК, што дополнително допринесе за намалување на понудата на „црното злато“.

Движењата на овие цени ќе имаат широка рефлексија и кај нас, а од диструбутерите не се впуштаат во коментари какви ќе бидат цените на бензинските од следната недела. Тие минататa недела ги намалија цените на бензините и на дизелот, затоа што околностите биле такви.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на Енергетскиот самит во Струга во четвртокот изјави дека поради тоа што ќе има максимална граница која ќе ја определува Регулаторна комисија за енергетика, дистрибутерите нема значајно да зголемуваат цени. Сепак нагорна корекција може да се очекува, која секako ќе биде поради цената на нафтаta на светските берзи.

„Државата ќе се грижи само да стави горна максимална цена над која не смее да се продаваат нафтените деривати на слободниот пазар. Тоа е со цел да се заштитат граѓаните и индустријата и економијата коi зависат од нафтените деривати, рече Анѓушев.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина