05 Мај, 2024
0.0257

Цената на преведувачкиот труд ја урива кој ќе стигне

Објавено во: Економија 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Години наназад на преведувачите лебот им го зема нелојалната конкуренција.

Работата на професионалните преведувачи им ја земаат студенти, но и луѓе од други професии кои имаат одредено познавање на странските јазици. Преведувачите се незадоволни од таквата состојба и велат дека ова често резултира со смешни преводи.

„Секако дека е проблем затоа што тоа професионално треба да го прават преведувачи или професори кои студирале јазик. Во секој случај, многу често се случува да читаме смешен превод токму од тие причини.  Преведува секој. Има луѓе кои  солидно познаваат некој јазик од часови во приватно училиште или се самоуки и ќе направат супер превод, но има и луѓе кои мислат дека знаат јазик и резултатот е смешен превод и реченици кои немаат смисла“ – вели професорка по англиски јазик.

Друга професорка по француски јазик додава дека овие причини ја демотивираат да се занимава со преводи, затоа што цените се ниски, пазарот мал, и според неа судски преведувачи има многу за мала земја како нашата.

„Што се однесува до цената, има многу нелојална конкуренција и тоа најчесто се студенти кои сакаат да заработат некој денар, што реално за некој професионален преведувач е малку, но за нив е доволно.  Но, има и стручни преведувачи кои работат за многу малку пари, затоа што немаат друг извор на приходи.  Но, од друга страна има и безобразни клиенти кои за малку пари сакаат да добијат интелектуална услуга која не се подготвени да ја платат како што треба. Тоа значи, дека не се само преведувачите тие кои ја рушат цената, туку и клиентите“ – раскажува професорката по француски јазик.

Од Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија објаснуваат дека  во последниве години има премногу „поминувачи“ во нивните две професии, што не може да се наречат преведувачи/толкувачи бидејќи не ги познаваат професиите.

Како филолози, немаме ексклузивитет на професиите преведувач и толкувач. Лица од други професии може да работат превод ако се доостручат за тоа и го работат професионално. Преведувачот/толкувачот поседува специфично образование и постојано се надоградува. И јазичарот за да го сработи преводот професионално треба да поседува или да стекне длабинско знаење од областа во која е преводот. Всушност, јазичарите и стручњ аците треба да работат во тим,  како што предвидува и професионалниот стандард  ЕН15038. Преводот/толкувањето е професионална работа и бара професионален пристап. Секој што не може или не знае тоа да го обезбеди подобро да не се нафаќа, оти не само што лошо ќе сработи туку ќе направи и многу штета“ – вели Ирена Кацарски-Ќимова од Здружение на преведувачи и толкувачи на РМ.

Преку подобри законски решенија, ЗПРМ многу работи на оваа проблематика.  Покрај Етичкиот и професионалниот кодекс и професионалните стандарди кои се задолжителни за професионалните преведувачи, ЗПРМ има издадено и Препораки за тарифирање во кои се образложени основните економски исплатливи цени. Овие препораки се еднакво наменети и поучни и за преведувачите и за нарачателите на преводот/толкувањето. Исто така, ЗПРМ работи на професионалниот развој и на предлози за подобрување на законската регулатива.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?