Цената на златото шест недели по ред паѓа
Објавено во: Економија 19 Декември, 2016
Цената на златото го забележа шестиот последователен неделен пад.
Посилниот долар и повисоките камати создаваат несигурност на пазарот на златото.
Цената на златото го запиша своето шесто по ред неделно намалување, иако во петокот отскокна од достигнатото 10-месечно дно, пишува Investing.com.
Златото со испорака во февруари на платформата Comex во Њујорк, поскапе во петокот со 7,60 долари (0,67%) и ја заврши седмицата на ниво 1 137,40 долари за унца. Ден порано цената потона до 1 124,30 долари за унца - ниво, невидено од 2 февруари.
Централната банка на САД сигнализира дека во 2017 година планира да ги зголеми каматите 3 пати, што е побрзо темпо отколку што предвидуваа претходните предвидувања.
Доларскиот индекс, кој ја мери јачината на доларот во однос на кошница од шест валути, во петокот беше 102,92 поени, што не беше далеку од 14-годишниот врв од 103,55 поени, достигнат во четвртокот.
Кон 11:20 часот денеска златото поскапува со 0,35% до 1 141,35 долари за унца.