03 Мај, 2024
0.0257

Цените на нафтата „замрзнати“ на пазарите - за колку се продава?

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата се задржаа вчера на меѓународните пазари под 55 долари. 

Тие се „замрзнати“ од големиот скок на резерви на сурова нафта во САД и кризата на кинеската побарувачка.

На лондонската берза цената на барел нафта остана скоро иста во однос на претходното затворање и изнесуваше 54,81 долари. 

На американскиот пазар, барелот се тргуваше по 40 центи пониска цена, од 51,77 долари. 

Цените на нафтата потонаа во електронската трговија по затворањето на пазарот откако неделниот извештај на Американскиот институт за нафта покажа скок на резервите на сурова нафта за дури 14,2 милиони барели.

Аналитичарите очекуваа значително поскромен пад, за 2,5 милиони барели.

Дополнителен притисок на цените направија најавите за забавување на побарувачката од Кина.

Reuters, врз основа на официјални податоци, пресметал дека лани кинеската побарувачка пораснала 2,5%, најмалку во последните три години. При тоа, најмногу е намалена потрошувачката на дизелот, додека потрошувачката на бензин повеќе не бележи двоцифрени стапки на раст.

ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во вторник изнесувала 52,78 долари. Тоа значи дека паднала 99 центи во однос на претходниот ден.

Цените на нафтата во вторник не се менуваа на меѓународните берзи, бидејќи намаленото снабдување од Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) го придуши влијанието врз засиленото американско производство.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија