18 Мај, 2024
0.0306

Побрзи и поевтини извешати за акционерите и за издавачите: Нов портал на Централниот депозитар за хартии од вредност

Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Вкупно 530 издавачи и 70.000 сопственици на хартии од вредност ќе можат да ги користат податоците од новиот портал кој од денеска го лансира Централниот депозитар за хартии од вредност. Со ова почнува дигитализација на системот за крајните корисници, односно издавачите и инвеститорите на хартии од вредност. Преку порталот ќе можат да се следат електронски извештаи преку кои брзо и лесно се добиваат битните информации за издавачите и инвеститорите на хартии од вредност.

Од Депозитарот велат дека порталот е изработен по мерка на потребите на корисниците и е многу лесен за користење. Покрај тоа, порталот ќе нуди бесплатни релевантни и веродостојни извештаи од информативен карактер, извештаи од информативен карактер кои се наплатуваат и верификувани извештаи со електронски потпис и временски жиг.

Имателите на акции регистрационите податоци за првичен пристап можат да ги добијат преку банките или брокерските куќи кои се членки на Централниот депозитар за хартии од вредност и кои склучиле посебен договор со Депозитарот за таа намена, а издавачите преку потпишување на договор со Централниот Депозитар за хартии од вредност за користење на дистрибутивниот систем на податоци, при што овластено лице од акционерското друштво добива пристап до порталот. При изработката на порталот применети се највисоки стандарди на сигурност на информатичката технологија и заштита на личните податоци.

Креирањето на порталот беше процес на селекција на потребите на крајните корисници, а самата веб апликација е создадена врз основа на многу искуства и познати практики. Од сега па натаму, Акционерските Друштва и инвеститорите на хартии од вредност ќе имаат олеснителен пат,  поради тоа што дигитализацијата на Централниот Депозитар за хартии од вредност ќе ги заштеди сите круцијални ресурси, временски и оперативни, а воедно обезбедува заштита на интересите на засегнатите субјекти, одосно 530 издавачи и 70.000 сопственици на харии од вредност.изјави Даринка Дамјановиќ – извршен директор на Централниот Депозитар за хартии од  вредност.

Фади Алрајес, соработник во тимот на ЕБРД посветен на Развој на локални валути и пазари на капитал, нагласи дека, новиот информациски Портал им обезбедува на инвеститорите и издавачите на хартии од вредност достапни on-line информации и извештаи со што многу придонесува за транспарентноста на податоците кои се однесуваат на нивните хартии од вредност. Дигитализацијата на податоците го засега претходно посложениот процес на нивно мануелно издавање директно од страна на ЦДХВ, го прави пазарот попривлечен за интернационалните инвеститори, а на издавачите им овозможува подобри информации за нивните акционери. На овој проект гледаме како на важен исчекор кон развој на локалниот пазар на капитал.

Централниот Депозитар за хартии од вредност со оваа алатка придонесува кон поефикасно работење и модернизирање на пазарот на хартии од вредност, а миграцијата од off-line во on-line е природен процес, кој што ќе резултира со поевтини услиги за секој корисник.

Дигиализацијата кон крајните корисници е извршена со кофинансирање од Европската Банка за Обнова и Развој.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата