26 Април, 2024
0.0281

Централна Босна во потрага по злато

Објавено во: Балкан 30 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Потрагата по злато во централна Босна и официјално почна. Владата на Среднобосанскиот кантон на предлог на Сеџад Милановиќ, министерот за стопанство од СДА, на својата прва седница по годишните одмори донесе две одлуки кои се однесуваат на истражување на злато на две локации, Мачкара – Мрачај во општината Ускопоље и во Баковиќи во општината Фојница.

Концесијата за истражување на евентуални наоѓалишта на злато во Ускопоље, но и негово искористување ја доби компанијата Гланз инвестмент д.о.о. од Сараево. Оваа компанија единствена се јави на јавниот конкурс за истражување и експлоатација на злато на локацијата Мачкара – Мрачај во Ускопоље кој е објавен во мај оваа година.

Далеку поголем интерес потенцијалните инвеститори покажаа за истражување на евентуални наоѓалишта на злато во местото Баковиќи во општината Фојница. Да потсетиме, во Баковиќи порано постоел рудник за злато кој е затворен пред 77 години, а златото најдено во Баковиќи се извезувало во Велика Британија, како и во други европски земји.

Дали за Англичаните во Баковиќи останало уште злато? За тоа се заинтересирани многумина.

На јавниот конкурс за истражување објавен исто така во мај оваа година, откако и општинските власти на Фојница дадоа зелено светло за истражување, се јавија дури пет компании. Три од нив се домашни: Ескимо С2 од Травник, АУ Аурум од Јајце и Златна жица од Фојница.

Меѓу заинтересираните за истражување била и сараевската компанија Кунг Фенг Мининг, но работата ја доби компанијата ББМ д.о.о. од Сараево. Според оценка на шесточлена Комисија за доделба на концесијата, тие имале најдобра понуда.

Меѓу другото, подготвени се да инвестираат 10 милиони конвертибилни марки во истражувачката дејност, студијата, потоа да се отстапи на Владата на Централнобосанскиот кантон која по добиените информации од теренот би распишала конкурс за доделба на концесија за експлоатација на златото. Фактот дека некој е подготвен да вложи милиони, а гаранција дека ќе ја добие работата за искористување на златото нема, беше причина што некои членови на Владата на Среднобосанскиот кантон бараа повеќе информации за инвеститорот, како и за самата постапка за доделба на концесијата.

- Јас ве уверувам дека немало никакакви притисоци на мене ниту на членовите на Комисијата која ја додели концесијата за истражување. Интересот на Владата е да се стават сите расположливи ресурси во функција – порача министерот Милановиќ. На крај сепак се изгласа одлука, а ресорниот министер верува дека на подрачјето на Баковиќи се уште има злато.

- Златото е веќе најдено, сосема е сигурно дека злато има, а во кои количини, тоа ќе покаже истражувањето кое верувам ќе биде завршено во текот на идната година – вели среднобосанскиот министер за стопанство Сеџад Милановиќ.

Ако навистина има злато во Баковиќи во количина исплатлива за експлоатација, Владата повторно ќе распише конкурс за доделба на концесија, а во постапката за искористување на златото ќе мора да се води сметка и за согласноста на мештаните за да не се повтори сценариото видено на локацијата на Готуша на реката Железница, каде мештаните на Гојевиќи и Баковиќи речиси една година со своите тела ја бранеа изградбата на мини централа за која никогаш не дадоа своја согласност.

По доделувањето на концесијата за истражување, златната грозница во централна Босна и официјално почна. Како ќе се заврши ќе се види понатаму, пишува Вечерњи лист.

извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната