Чадиковски: Ќе бидам претседател на сите членови на ЗНМ
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2018
-Останувам на постулатите кои ги кажав на почетокот дека нема компромиси во однос на слободата на говорот и професионализација на медиумите и новинарството во Македонија. За тоа ќе се залагаме во следните четири години за да можеме да кажеме дека сме постигнале повеќе од она што досега е постигнато, кажа Младен Чадиковски кој е избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
86 од вкупно присутни 175 членови на редовното изборно собрание гласаа за Чадиковски додека за новиот опонент Стојанче Наумов освои 77 гласа.
Младен функцијата ја презема од Насер Селмани кој два мандати го водеше ЗНМ.
Чадиковски меѓудругото кажа дека нема да прави компромис кога станува збор за слободата на говорот и професионализација на медиумите.
Редакцијата на Фактор му честита на Младен Чадиковски.