26 Април, 2024
0.0433

Чекајќи го Коѕијас

Објавено во: Македонија 13 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Помпезно најавуваното доаѓање на грчкиот министер за надворешни работи ќе биде одложено за најмалку до крајот на месецот иако веќе одамна помина рокот кој првично беше поставен од грчката влада за доставување на нивниот предлог договор со кој треба да се реши спорот за името.

Според грчките медиуми преговорите за името меѓу Македонија и Грција влегле во фаза во која има намалена динамика иако почетно биле направени неколку остапки, смислени уште за време на Светскиот економски форум во Давос кога се сретнаа премиерите Заев и Ципрас.

Весникот Катимерини анализирајќи ја агендата на министерот Коѕијас смета дека тој нема наскоро да отпатува во Скопје, бидејќи има закажано посета на САД, а исто така и во грчката политика има се уште несогласувања околу тоа што се ќе се бара од Македонија, дали ќе се остане ставот за ревизија на уставот и какви се отстапки ќе бидат предвидени. 

Во меѓувреме предвидена е посета на американскиот помошник државен секретар Вес Мичел кој од денес ќе има средби со македонскиот политички врв, а потоа од четврток и со државното раководство на Грција. Тој ќе се обиде да ги пренесе пораките на САД за надминување на спорот за името и забрзување на постапката за македонско членство во НАТО, но дали ќе донесе силен дипломатски притисок врз двете страни засега е непознато.

Во Грција исто така се дебатира дали јавните изјави на премиерот Заев за неменување на уставот и идентитетот се знак дека се „бега“ од компромисно решение иако ни самите не кажуваат што точно Грција губи во ваквиот спор и од што таа ќе се откаже, освен што ќе прифати во евентуално договорено сложено име ќе биде содржан и терминот Македонија.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“