14 Декември, 2025
0.0414

„ЧЕКАЈТЕ СЕГА, СО КОГО СМЕ?“ Жерновски прашува „што стана со новото нормално на Мицкоски“

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Поранешниот амбасадор на Македонија, Андреј Жерновски на фејсбук вели дека државните функционери многу често ги менуваат изјавите во врска со меѓународната политика.
Циркузантска дипломатија

За толку важно прашање како што е руската окупација на Украина, нашата “вешта” дипломатија за два месеци брилјира со две дијаметрално спротивни ставови.

Имено, при крајот на февруари, Мицкоски и Муцински одлучија Македонија да биде коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина. Таквиот крајно контраверзен став предизвика низа на реакции во домашната и меѓународната јавност, бидејќи во текстот никаде не се споменуваше дека Русија ја окупира Украина пред три години, односно дека со тоа е нападнат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, кои прашања играа централна улога во претходните резолуции на ОН. Од друга стана, иако сме земја кандидат за членство во унијата, владиниот двоец одлучи да не ја подржи резолуцијата на ЕУ, каде многу јасно беше наведена целосната инвазија на Украина од стана на Руската Федерација. Се разбира, Брисел уште долго ќе не’ потсетува за тој потег.

Се сеќавате, тогаш ја добивме онаа феноменална премиерска изјава: ПА, ТАКА ОДЛУЧИВМЕ!

Со еден збор, Македонија преку ноќ го смени ставот и повеќе Москва не беше извор на конфликтот.

Кога, гледај чудо !!! Истиот Тимчо “нашата земја” Муцунски сега гордо изјавува дека, цитирам, ние веќе подолг период сме дел од иницијативата за формирање суд за воени злосторства за Украина и дека се залага за почитување на меѓународното јавно и хуманитарно право.

Чекајте сега, со кого сме?!?

Со Брисел или со Вашингтон? Што стана со НОВОТО НОРМАЛНО на Мицкоски? Нели го окупиравме Вашингтон и го зафативме периметарот околу Трамп.

И додека така блажено лутаме и плутаме изолирани низ свемирот, треба да ни е кристално јасно дека со ваквите недозволиви циркузантски потези веќе служиме за потсмев во меѓународната заедница.

Можеби веќе не треба да им се лутиме за туристичките екскурзии. Подобро да се сликаат селфи по разните европски и светски дестинации, отколку да се “сликаме” сите на крајот,напиша тој.


Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово