Чешка ќе им дозволи на граѓаните да носат оружје и да убиваат терористи?
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2017
Чешките медиуми пренесоа министерството на Чешка би можело да донесе уставни измени со кои на граѓаните ќе им даде право да носат оружје и да „убиваат терористи“, пренесуваат чешките медиуми.
„Во време кога се изведуваат напади во Европа имаме впечаток дека Уставот на граѓаните треба да им даде поголемо право да се бранат, со легално добиено оружје“, изјавил чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец.
Чешка не се согласува на настојувањата на Европската унија да ги ограничи легалните можности за поседување на некој вид огнено оружје, додека чешкото МВР поднело предлог измена на уставниот закон со кој Чесите кои поседуваат оружје би можеле самоиницијативно да го употребат.
Како што се наведува во предлог измените на законот, побарано е одобрување за наоружување поради „одбрана на Чешка“, за да се спречат терористички напади како оние во Париз, Ница или Берлин.
Право да пукаат на терористи во случај на напад дури и кога тие самите не се загрозени, би добиле само чешките државјани и тоа исклучително на територијата на Чешка, и ова не би се однесувале ниту на граѓаните на ЕУ кои престојуваат во земјата, предложува чешкото министерство.