Чешки граѓанин за Божиќ ќе потроши над 500 евра
Објавено во: Свет 05 Декември, 2012 11:02
Просечен чешки граѓанин годинава, за божиќните празници ќе потроши околу 560 евра и тоа околу половина од сумата за подароци, а половина за свечената трпеза.
Според последните анкети, повеќето Чеси одвојуваат средства и за распродажбите по Божиќ и тоа над 160 евра.
-Генерално, во распродажбите мажите се подготвуваат да потрошат за околу 40 евра повеќе од жените. Луѓето на возраст од 45-59 години за попустите тргаат на страна дури до 250 евра. На младите, пак, до 30-годишна возраст и постарите од 60 години доволно им се 100 евра да испазарат по поевтини цени, објаснува банкарот Павел Зубек.
Традиционално, половина од анкетираните се изјасниле дека на распродажба главно се зантересирани за купување на облека и обувки, а другата половина од луѓето се заинтересирани за електроника.
Истражувањата покажуваат дека чешките граѓани се повеќе користат безготовинско плаќање. Годинава, со готови пари планираат да плаќаат три петтини од анкетираните, додека пред две години тоа го направиле четири петтини.
Од пред две години е зголемен и процентот на оние кои ќе плаќаат безготовински, со картичка и тоа од 40 проценти пред две години на 57 посто.
Со превод на банкарска сметка плаќаат 19 посто, во споредба со 25 проценти пред две години. Преку Пејпал или слични служби ќе плаќаат 13 проценти, а на плаќање преку мобилен е навикнат секој 20-ти Чешки граѓанин.
Можеби ќе ве интересира
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност




