ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ КАМЕРИ ЌЕ ВЕ „ЛОВАТ“ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Внимавајте како возите!
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2024
Сезоната за посета на Грција е во полн ек, а доколку патувате таму треба да знаете дека во периодот што доаѓа ќе се пуштат во употреба 4.000 камери кои ќе ги ловат сообраќајните прекршоци.Летната сезона е веднаш зад аголот, а со тоа доаѓаат и одморите во соседна Грција.
Во грчката престолнина веќе работат првите камери кои ги препознаваат регистарските таблички на секое возило и ја снимаат брзината на движење. Камерите работат континуирано и се поврзани со Центарот на сообраќајната полиција.
Наскоро ќе се зголемат и казните за прекршоци. Ако дозволената брзина се надмине за 20 километри, сега казната е 40 евра, а над 20 километри разликата е 100 евра. Овие казни ќе се удвојат.
Треба да се има предвид дека за брзо возење на автопати, казната е веќе 350 евра!
Грција наскоро ќе воведе ограничување на брзината во градовите до 30 км/ч, по примерот на другите европски земји.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.