ВИКЕНДОВ „СИБИР“ ДОАЃА КАЈ НАС: Се очекува и снежна прекривка!?

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 06:00
Метеоролозите предупредуваат. Многу студен, сибирски бран пристигнува на Балканот и во Македонија.
Со слична прогноза се и од УХМР, од каде велат дека од недела ќе имаме пад на температурите.
Со подетални прогнози излегоа Славчо Попоски и балканските метеоролози. Велат дека ќе имаме и снежна прекривка.
„Како среде зима, многу ладниот период, вообичаен за декември и за јануари почнува од овој викенд...на Метеоролошката карта можете да ја видете очекуваната снежна покривка за време на овој многу ладен воздух кој ќе се спушти кај нас директно од Сибир“, вели Попоски.
„За жал за сите овоштари, лозари, земјоделци и пчелари, нема промени или олеснувања во моделите во однос на упадот на поларниот вртлог кој ни доаѓа директно од Сибир во недела на 6.04.2025 година, и ќе остави многу траги на вашата вегетација“, велат метеоролозите од Балканот.
И од УХМР го најавуваат истото.
„Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање“, велат од УХМР.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бегај се сретнал со Ахмети и Таравари во Скопје

„ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“: Семејствата на настраданите маршираа во Кочани

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

ИЗМАМНИЦИ ЅВОНАТ ОД СКРИЕН БРОЈ: Полицијата ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на измами со сообраќајки

ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

ДИМИТРИЕВСКИ ЈА ИСКОМЕНТИРА КАВГАТА МЕЃУ МИЛОШОСКИ И ФИЛКОВ: Дали коалицијата е стабилна?

НАЈМОЌНИ ПАСОШИ НА СВЕТОТ: Каде е македонскиот на листата?
ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Лажно тврделе дека непрописно паркираното возило во Дебар Маало е службено

ВО БЛИЗИНА НА РЕСЕН: Meчка е ослободена откако се фатила во стапица
